Нова спортска сала во ООУ „Блаже Конески“ – проект кој станува реалност

Сподели го ова:






























Нова спортска сала во ООУ „Блаже Конески“, проект кој станува реалност и претставува значајна инвестиција во иднината на нашите деца и младите генерации.

Со оваа инвестиција обезбедуваме современи и безбедни услови за спорт и физичко образование за над 800 ученици, кои ќе можат своите активности да ги реализираат во модерна и функционална спортска сала.

Ова е влог во здравјето, развојот и тимскиот дух на нашите ученици.

Како Општина Прилеп, продолжуваме со посветена работа на подобрување на образовната и спортската инфраструктура, затоа што нашите деца заслужуваат најдобри услови! – порача прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.




Сподели го ова:

Слични објави