Директорот Алексоски: Во вторник започнува откупот на тутун – имаме обезбедно средства за исплата која ќе се врши двапати неделно

Сподели го ова:






























Овој вторник на 18 ноември, АД Тутунски Комбинат-Прилеп ги отвора вратите за откуп на тутунот на 34 пункта при што цените по класи се поголеми за 5% од другите откупувачи.

Подготвени сме за откуп на договорениот тутун со кооперантите. Во вторник, ќе бидат отворени вратите за откуп на 34 места со регистрирани 37 ваги. За годинава имаме договорено за откуп на 2.300 тони, што е повеќе од лани кога откупивме 1.800 тони тутун. Имаме обезбедно средства за исплата која ќе се врши двапати неделно. Цената по класи е дефинирана уште од март месец и е за 5 проценти поголема од другите откупувачи. Првата класа тутун е 420, втората 360, а третата класа тутун се купува по 300 денари за килограм. Сега-засега не можам да кажам дека ќе има некое зголемување на цените… Треба да разликуваме оперативна или добивка или загуба на крајот на годината. Кога минатата година во ноември дојдовме во Комбинатот, веќе имаше прокнижена оперативна загуба од 117 милиони денари. По една година остваруваме, не голема, туку оперативна добивка од околу еден милион денари, па така, сме ја надоместиле ланската загуба од 117 милиони денари. Освен тоа, остваруваме зголемување од 35 проценти во производството на цигари, изјави Александар Алексоски, директор на Тутунски комбинат од Прилеп. Тутутнот собран преку летото е со висок квалитет, но сега некои тутунари берат што не може да го оправда очекуваниот квалитет. Како комбинат ги поздравуваат законските измени со кои се забранува увоз на тутун додека трае откупната кампања што е во полза и на тутунарите и на тутунопроизводството во земјава – истакна директорот на прилепскиот Тутунски комбинат Александар Алексоски.




Сподели го ова:

Слични објави