ВИДЕО-ПРАТЕНИКОТ РИСТЕСКИ ДО СДСМ: АЈДЕ ОДМА НА ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ

Сподели го ова:


На денешната собраниска седница прилепскиот пратеник Петар Ристески, на собраниската говорница во Собранието на Република Македонија излезе со моќен говор каде што упати голем број на критики до власта во однос на нејзиното работење. На неговото излагање и на неговите прашања упатени до сегашната власт предводена од СДСМ, имаше само МОЛК. “ВТОР ДЕН ДЕБАТИРАМЕ ПО ТОЧКАТА ЗАВРШНА СМЕТКА ОД БУЏЕТОТ ЗА 202О ГОДИНА, ПОТОЧНО НЕ ДЕБАТИРАМЕ,БИДЕЈЌИ ОЧИГЛЕДНО ЗБОРУВАМЕ САМО НИЕ ПРАТЕНИЦИТЕ ОД ОПОЗИЦИЈАТА. ДВА ДЕНА ГЛЕДАМ ДЕКА ИМАМЕ МОНОЛОГ ВО СОБРАНИЕТО. ЗАМИСЛЕТЕ ЗА ТОЧКА ЗА КОЈА ТРЕБА ДА ОБРАЗЛОЖИТЕ ПОЧИТУВАНИ КОЛЕГИ ОД ВЛАСТА КАКО РАБОТЕЛЕ ВАШИТЕ МИНИСТРИ, ДИРЕКТОРИ-ВАС ВЕ НЕМА! МОЛК! ЗА ТОА КАКО ВАШАТА ВЛАДА ГИ ПОТРОШИЛА ВАШИТЕ НАРОДНИТЕ ПАРИ ЗА БУЏЕТСКАТА 2020 ГОДИНА-МОЛК! ДЕНЕС, ТРЕБАШЕ ДА СЕ ФАЛИТЕ СО РЕАЛИЗИРАНИТЕ ПРОЕКТИ-А НЕ ДА МОЛЧИТЕ. ЗОШТО Е ТАКА-МЕНЕ МИ Е СОВШЕНО ЈАСНО. ОВОЈ ДОКУМЕНТ (ИЗВЕШТАЈ) Е СТРАМ И ДОКАЗ ЗА НЕСПОСОБНОСТА И АРАМИЛОКОТ НА ВАШАТА ВЛАДА. ОВОЈ ИЗВЕШТАЈ, Е ДОВОЛНО САМО ДА ГО ПРЕЛИСТААТ ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТО И ЌЕ ИМААТ ШТО ДА ИСПОРАЧААТ ДО СУДОВИТЕ- МНОГУ КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ….ОВА Е ПОТВРДА ДЕКА ВЛАДАТА НА СДСМ И ДУИ РАБОТИ НЕДОМАЌИНСКИ, НЕЧЕСНО И ТАА Е НЕСПОСОБНА ДА ГО РЕАЛИЗИРА ВЕТЕНОТО КАЈ ГРАЃАНИТЕ.. Ристески во својот говор револтиран од сегашната моментална ситуација во нашата земја се обрати до неговите колеги од СДСМ при што им порача: ПРИФАТЕТЕ ЕДЕН СОВЕТ-АЈДЕ НА ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ“. Целосниот говор на пратеникот Ристески, може да го погледнeте на видеото во прилог:





Сподели го ова:

Слични објави