Од денеска до недела “че” има изменет возен ред на автобусите од прилепскиот јавен – градски превоз
Се информираат сите корисници на Јавниот Градски Превоз дека поради затворање за сообрајќај на булеварот „Гоце Делчев“ од кружен кај „СЕТЕК“ до раскрсница кај „АПЕКС“
од денес 12.07.2024 од 12 часот
до недела 14.07.2024 до 12 часот
ќе има измена во возниот ред на линија 2 и линија 3.
Линија 2 ќе сообрајќа од Ла Страда десно на раскрсница „АПЕКС“ до Гимназија, потоа лево по Егејска до Нова Автобуска исто и обратно од Точила по Егејска повторно Ла Страда, нема да поминува на следниве постојки: Реклами, Палмашоп и Футура кај Судот во двата правци.
Линија 3 ќе сообрајќа од ПалмаШоп кон раскрсница Чумофчанец кон кружен тек Солидност па повторно на Дени Мебел, исто и обратно од Иван Електричар кон раскрсница Чумофчанец, десно кон стара Автобуска и повторно на Палмашоп, нема да поминува на следниве постојки: Реклами , ЛаСтрада, стара Општина, Табана и Бонита во двата правци.