ЦЕЛИ 22 ГОДИНИ БОЛ И НЕПРЕБОЛ: Утрово ќе се одржи панихида за бранителите кои загинаа на Карпалак
Денеска кога го чувствуваме духот на вековното православно чествување и го прославуваме празникот посветен на нашата закрилничка и молитвена застапничка пред Христа, св. преп. мчца. Параскева (Петка) Римјанка, во црквата св.Петка во Прилепската населба “Точила” покрај молитвеното чествување во чест на оваа наша голема светителка, ќе се одржи и панихида за молитвен спомен на бранителите кои загинаа на Карпалак, под отворено небо, односно во дворот пред храмот.
22 година бол и непребол! Вечен да е споменот за прилепските бранители.