Денеска, првачињата од населените места Мало Коњари, Тополчани и Канатларци, добија подароци од прилепскиот градоначалник

Сподели го ова:





























Денеска прилепскиот градоначалник Јовчески, ги посети првачињата како и останатите ученици од населениете места Мало Коњари, Тополчани и Канатларци, односно учениците кои учат во ООУ „Страшо Пинџур“, „Круме Волнароски“ и „Кирил и Методиј“.

“На околу педестина првоодделенци во овие населени места им посакав да имаат успешен почеток во нивниот втор дом. Им порачав дека тука нема да бидат сами, учителите и учителките ќе ви помагаат и ќе се грижат за вас да научите букви, бројки и многу приказни, за да бидите прекрасно воспитани и образовани деца, вредни ученици и добри другари. Уште еднаш сакам да им посакам на сите вработени во сите училишта во Општина Прилеп, на учениците и нивните родители, среќна и успешна нова учебна година!” – истакна Јовчески, при денешната посета на овие населени места.




Сподели го ова:

Слични објави