|

Прилепските актери со „Декамерон“ вечерва ќе настапат на Охридско лето

Сподели го ова:


























Денеска, 14.08.2023 година во Охрид со почеток во 21 часот на сцената на Долни Сарај, како дел од програмата на Охридско лето, ќе се одигра претставата „Декамерон“ која е работена според Бокачо, во режија на Мартин Кочовски.

Претставата „Декамерон“ стои на хуманистичката платформа на Џовани Бокачо и зборува за човековата волја за живот, радоста од „сега и тука“, за нашата кревкост, но и за силата на човечкиот дух низ ефемерноста на среќата и поуките на трагичноста.

Режија: Мартин Кочовски

Драматизација: Лидија Митоска-Ѓорѓиевска

Сценографија: Филип Јовановски

Костимографија: Јулијана Војкова-Најман

Музика: Оркестарот на Театар „Војдан Чернодрински“ под водство на Пеце Трајковски-Брада

Вокал и музички соработник: Ана Митоска

Играат:

Александар СТЕПАНУЛЕСКИ

Наташа АЧАНСКИ

Здравко СТОЈМИРОВ

Илија ВОЛЧЕСКИ

Димитар ЃОРЃИЕВСКИ




Сподели го ова:

Слични објави