Денеска продолжуваат преговорите за минимална плата
Денеска се очекува на седница на Економскиот совет на Владата да биде разгледано сето она во однос на синдикалното барање за зголемување на минималната плата, како и оној најнов предлог на бизнис конфедерацијата за да се субвенционира дел од зголемувањето на минималната плата. Веднаш потоа треба да се одржи новата седница на Економско-социјалниот совет.Премиерот Ковачевски вчера порача дека покачувањето на минималната плата ќе биде исполнето, а дали ќе се исполни останува да видиме. Имено во петокот синдикатите, Владата и работодавачите, не постигнаа договор за зголемување на минималната плата на 18.000 денари и скалесто зголемување на останатите плати.


Владата,