|

ПРОЕКТОТ „БЕЗБЕДНО ДЕТЕ“, РЕАЛИЗИРАН ВО ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА ВО БИТОЛА

Сподели го ова:























Во последните денови од учебната година во основните училишта во Битола беше реализиран проектот “Безбедно дете”, поддржан од Општина Битола во рамките на активностите на Советот за превенција, а во соработка со Асоцијацијата за унапредување на воспитно-образовниот систем и заштита на правата на децата и младите во образованието “Либрис плус”- Битола. Активностите се реализираа и со вклученост на стручни лица од секторот за превенција при СВР-Битола.

Како дел од проектните активности, во училиштата беше одржана, детска едукативна театарска претстава “Безбедно дете”, а беа доделени и едукативни боенки и песнарки со содржини кои се однесуваат на безбедност во сообраќајот.

Целта на проектот беше, да се зголеми внимателноста на децата во сообраќајот и да се едуцираат за опасностите кои може да произлезат при одредени ситуации.

Децата, како директни учесници во сообраќајот, како пешаци, велосипедисти и друго, често понесени од игрите не внимаваат во сообраќајот, па така и кловнот Заги преку директни примери малку хумористични и едукативни им воочи на најмладите, дека од мало невнимание може да се појави опасност, додека неговиот другар Дрдорко вешто го корегираше и мудро го едуцираше Заги како вистински треба да се однесува во сообраќајот. Децата беа во интеракција со актерите и активно учествуваа во покажување на своите знаења.

Заедно со дечињата од цела Битола преку претставата беа донесени важни  заклучоци за однесувањето на децата при излегувањето од домот, движењето низ сообраќајниците, но и детската игра, која честопати знае да биде и на недозволени или небезбедни места.



Сподели го ова:

Слични објави