Денеска после 19 часот повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поројни (над 15л/м2)
Денеска, во текот на ноќта ќе имаме повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поројни (над 15л/м2), и истите ќе бидат во форма на невреме, проследени со грмежи и силен ветер (над 60 km/h).
Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 23 степени. Во Скопје променливо облачно со умерен до засилен јужен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи и силен ветер.
Максималната температура ќе достигне до 23 степени.