Во Крушево се отвори Европското првенство во параглајдинг

Сподели го ова:





























Крушево повторно е домаќин на голем меѓународен спортски настан. Вчера официјално беше отворено Европското првенство во параглајдинг – натпревар кој уште еднаш го става Крушево во центарот на вниманието на европската и светската параглајдинг сцена.

“Крушево е одамна препознатливо како една од најдобрите дестинации за овој спорт во регионот. Со посветена работа и вложувања во инфраструктурата, продолжуваме да ги подобруваме условите за летање и да создадаваме амбиент во кој големите натпревари и светските пилоти се секогаш добредојдени.

Во следниот период продолжуваме со развој на параглајдинг инфраструктурата, со изградба и уредување на две нови полетишта кои ќе придонесат за уште подобри и побезбедни услови за сите љубители на летањето.

На сите учесници им посакувам успешни летови и пријатен престој во Крушево. Уживајте во летот, во природата и во гостопримството по кое нашиот град е познат” – истакна градоначалникот на Општина Крушево, Нико Чонески.




Сподели го ова:

Слични објави