Денеска ќе одлучува Главниот кризен штаб за новите мерки кои ги предложи Комисијата за заразни болести

Сподели го ова:


Денеска ќе се разговара на Главниот кризен штаб за новите предлог-мерки на Комисијата за заразни болести за сите невакцинирани вработени во јавниот сектор и здравствените работници, а веднаш потоа и на седница на Владата. Имено, претходно министерот за здравство д-р Венко Филипче на прес-конференција изјави дека оваа одлука е донесена со консензус од сите членови на Комисијата, а врз основа на епидемиолошката состојба и со цел да се намали евентуалниот притисок врз болниците, како што кажа тој, потребно е болниците да работат за сите граѓани, не само за Ковид позитивните пациенти. Според предлогот сите вработени во јавниот сектор, локалната самоуправа, сите институции за одење на работно место да прикажат потврда за најмалку една примена вакцина или да имаат ПЦР негативен тест кој ќе важи најмалку 72 часа, а ќе биде направен на сопствен трошок или ќе приложат потврда за прележан Ковид 19, не постар од 45 дена или ќе имаат потврда од лекар специјалист дека вакцината не може да ја примат, а тоа се една од оние ретки имунолошки состојби за кои ние ќе излеземе со соодветна листа на болести и специјалисти кои тие потврди ќе може да ги издаваат, соопшти министерот Филипче.





Сподели го ова:

Слични објави