Во Прилеп по повод денешниот празник, “реки од народ” ќе се соберат пред параклисот св. Злата Мегленска

Сподели го ова:


























Денеска се празнува Св. Злата Мегленска – великомаченичката која не дозволи да биде победена од ѓаволските стапици. По повод денешниот празник Света великомаченичка Злата Мегленска, прилепскиот параклис посветен на оваа светителка ја празнува својата слава.

Како и секоја година, така и денес, пред параклисот на Св. Злата Мегленска во Прилеп ќе се соберат голем број на верници кои ќе се помолат и ќе запалат свеќа за свое здравје и среќа во нивните домови.

Оваа светителка турците ја фрлија во затвор, каде што лежеше три месеци и секој ден ја биеја додека нејзината крв не ја натопи земјата. Најпосле ја обесија главечки и ја подложија на оган за да се загуши од чадот. Но Господ беше со неа, при што и даваше сила во страдањето. На крајот ја обесија на дрво и целата ја исекоа на парчиња. Така оваа мажествена девица Му го предаде својот дух на Бога и се пресели во рајските живеалишта, во 1796 година. Парчиња од нејзините мошти христијаните разнесоа за благослов по своите домови.




Сподели го ова:

Слични објави