ЈП Паркинзи – Битола: Во тек се подготвителни работи за идно регулирање на паркирањето на просторот во бившата касарна
ЈП „Паркинзи“ извршува постојани работни активности во однос на идното регулирање на процесот на паркирање кај поранешната касарна во Битола. Веста ја потврдија и од ЈП Паркинзи – Битола, од каде истакнаа:
“Во тек се подготвителни работи за идно регулирање на паркирањето на просторот во бившата касарна” – информираат од ЈП Паркинзи – Битола.
Благодарение на Општина Битола и Директорот на ЈП Паркинзи – Зоран Михајловски, во Битола постојано се работи на подобрување на процесот на паркирање, како и на нови паркинг места.
















