Денеска е светскиот ден на борбата против ракот 

Сподели го ова:
















Светскиот ден на борбата против ракот се забележува  на 4 февруари, основан од страна на Унијата за Меѓународна контрола на рак.Малигните неоплазми се меѓу најчестите причини за смрт во светот. Во Р.С.Македонија после болестите на циркулаторниот систем малигните неоплазми се втората најчеста причина за смрт. Во периодот 2010-2020 година стапката на морталитет се движи од 180,3 на 100000 население во 2010 година до 188,6%000 во 2020 година.Во периодот 2010-2019 година стапката на морталитет од малигни неоплазми на возраст над 65 години осцилира и се движи од 881,1 во 2010 година до 835,7 во 2020 година на 100000 население.Стапката на морталитет од малигни неоплазми во возрасната група од 0-64 години е значително пониска од стапката на морталитет на возраст над 65 години.Кај мажите, најчеста причина за смрт од малигни неоплазми, во периодот 2010-2020 година, е малигната неоплазма на бронх и бел дроб со стапка на морталитет која се движи од 64,8 во 2010 година до 66,9 во 2014 година и 67,6 на 100000 мажи во 2020 година.Кај жените најчеста причина за смрт од малигни неоплазми во периодот 2010-2020 година е малигната неоплазма на дојка. Стапката на морталитет се движи од 30,0 во 2010 година до 32,2,8 во 2020 година на 100000 жени.







Сподели го ова:

Слични објави