СИТЕ УАПСЕНИ СЕ ОД ПРИЛЕП: Полицијата уапси тројца прилепски малолетници заедно со уште еден 23 годишен прилепчанец

На 12.12.2023 во 19.30 часот полициски службеници од ОВР Прилеп на ул.„Гостиварска“ во Прилеп заради сомнение за сторено кривично дело тешка кражба во куќа ги лишиле од слобода Џ.Џ.(23) и тројца малолетници, сите од Прилеп.

По документирање на случајот, против сторителите ќе следува соодветна кривична пријава – информира МВР.


















