ЗА МНОГУ ГОДИНИ МАКЕДОНЦИ! Денеска е денот кога искрата роди СОНЦЕ! Нека е честит и вековит 23-ти Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба

Сподели го ова:


























Денеска е 23-ти Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба. Денешниот празник претставува значаен симбол на пожртвуваноста и истрајноста на македонскиот народ кој што непрекинато низ годините наназад, сведочи за одлучноста и нескршливата волја за слобода и независност, која се преточува низ повеќевековна борба за создавање на сопствена држава.

Членовите на ВМРО оставиле неизбришлив белег во македонската историја, а нивните дела и вредности трајно се вградиле во македонската државност. Нивното големо револуционерно дело, претставува вистински пример за секој македонец. Следејќи го примерот на македонските револуционери, треба да изградиме еден целосен – одговорен пристап, каде преку посветеност и истрајност, мудро ќе се соочиме со тешката состојба во која што денес се наоѓа нашата библиска Македонија.

Вечен нека биде споменот за македонските револуционери, со надеж и понатаму, непрекинато кај секој македонец да продолжи да гори огнот на нивните револуционерни идеали!

Нека е честит големиот празник 23-ти Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба!




Сподели го ова:

Слични објави