Трет ден врие народ пред Влада, а прилепчани повторно и денес со масовна поддршка на протестот во Скопје

Сподели го ова:


























opstina

Трет ден врие народ пред Влада, а исто така врие и трпението на голем дел од македонските граѓани во однос на тоа што Владата сака да го прифати францускиот предлог. Прилепчани повторно и денес со масовна поддршка на протестот во Скопје, а дел од нив за “STANICA.MK” истакнуваат дека “ќе се борат до последно за да се спаси и она малку македонско што ни остана”. Во однос на сето она што моментално нашата информативна екипа може да го забележи директно од протестот во Скопје, е фактот дека вечерва во главниот град на нашата земја пред Влада има колони народ, кои што исто како претходните денови-така и денес, се приклучуваат на овој сенароден протест.

Реките од народ ќе бидат тука секој ден се додека Владата не го повлече својот став за прифаќањето на францускиот предлог. Нашата информативна екипа, останува во Скопје, за да будно ја следи моменталната ситуација, се со цел за да навремено Ве известуваме за најновите настани и случувања.




Сподели го ова:

Слични објави