Во пресрет на утрешното празнување на св.Кирил и Методиј, денес во Прилеп и прилепско беа организирани два настани посветени на светите браќа

Сподели го ова:





























Во пресрет на утрешното празнување на св.Кирил и Методиј, денес во Прилеп и прилепско, беа организирани два настани посветени на светите браќа. Станува збор за патронот празник на ЈОУДГ „Наша иднина“ и патрониот празник на основното училиште „Св.Кирил и Методиј“ во населеното место Канатларци. На овие настани присуствуваше и прилепскиот градоначалник Борче Јовчески, при што истакна:

“Во пресрет на утрешното празнување на Светите браќа Кирил и Методиј, особено ми е драго што денес бев дел од два настани посветени на нив. Станува збор за патронот празник на ЈОУДГ „Наша иднина“ кој беше одбележан низ игри и интеракција на децата на фудбалскиот терен во паркот кај Могилата. Овие деца од најрана возраст треба да се запознаваат со делото на словенските просветители создавајќи темел за нивната писменост. Исто така, присуствував на одбележувањето на патрониот празник на основното училиште „Св.Кирил и Методиј“ во населеното место Канатларци. Ова училиште има големо значење во мултикултурното образование во општина Прилеп, поради фактот што во него учат деца од различни националности, но сепак утрешниот празник е празник на сите нас бидејќи Св.Кирил и Методиј се заложиле за рамноправност неправејќи никакви поделби”. Ако нашиот јазик е стеблото, тогаш оваа азбука е негов корен, а ја имаме благодарение на сесловенските просветители Кирил и Методиј“-истакна Јовчески.




Сподели го ова:

Слични објави