Каде во Прилеп има највкусна чорба??
Здраво приготвена чорба не само што го загрева телото, туку му помага да обезбеди витамини, вредни хранливи материи и растителни влакна. Долгото и бавно готвење кај чорбата, ослободува хранливи материи од месото или коските кои се готват.
Чорбата претставува здрава исхрана и идеална опција за здрав оброк. Зачините во чорбата го зајакнуваат имунолошкиот систем, и имаат голем број на придобивки за здравјето на човекот. Консумирајќи често, чорбата обезбедува голем дел од хранливите материи кои му се потребни на организмот, а исто така има и антиоксидативно дејство. Чорбата, како и супите, ја надополнува потрошувачката на течности кои се неопходни за хидратација во текот на денот.
Прилепската чорба е неизоставен дел на прилепчани посебно во раните утрински часови, кога на вкусот на штотуку приготвената чорба, не може да му одолеат сите кои знаат и се разбираат во квалитетна, вкусна и здрава храна. А каде во Прилеп има највкусна чорба, тоа е прашање на вкусови, меѓутоа како и да е, јадењето на чорба претставува стар прилепски обичај, кој прилепчани го практикуваат посебно во ладните зимски утрински часови.