ДА СЕ НАЕЖИШ! Денеска, премиера на спотот за песната “Ми заплакало селото Ваташа”
Денеска, во 11:55 на радио Бубамара и на YouTube каналот на “Skenderovski Produkcija”, ќе биде прикажана премиера на новиот спот за песната “Ми заплакало селото Ваташа”, во изведба на Игор Џамбазов и Александра Јаневска, каде актерот мошне умешно ја рецитира „Цветови“ од Славко Јаневски, а Јаневска ја пее оваа македонска песна.
Колку за потсетување, ова е песната која ја расплака македонската публика на годинешната Златна бубамара, при што бура од солзи и емоции предизвика пеењето на Андријана Јаневска и уметничкиот рецитален настап на Џамбазов.