Денеска прилепчанки се собираат на Тримир каде што има исклучиво посната трпеза со посна сарма, гравче, кравајче, баклава и блага пченица
Денеска е Тримир-третиот ден по Велики поклади-Прочка. Денешниот празник помеѓу народот се смета како „женски празник”. Зошто женски?? Бидејќи денеска на посната трпеза мајките во Прилеп ги покануваат на гости ќерките, односно снаите, младите невести и девојките.
Според постарата традиција која со години се одржува во нашиот Прилеп, поканети се на трпезата и мајките, се со цел за да ги благословат помладите девојки за да создадат почитувано и хармоничо семејство. Мајките во Прилеп, денеска според обичаите упатуваат голем број на благослови до своите ќерки за среќно семејство.
Денеска прилепчанки се собираат на Тримир каде што има исклучиво посната трпеза со посна сарма, гравче, кравајче, баклава и блага пченица. Пченицата е симбол на плодност и благост, па затоа и пченицата се поставува на посната трпеза, се со цел животот во семејството каде што се слави тримир да биде благ и плоден.