ПРОДАНОСКИ ПОРАЧА: Никогаш Северна! Македонија вечна!
Претседателот на Советот на Општина Прилеп Дејан Проданоски, присуствува на големиот самит во Будва, кој што е во рамките на мрежата т.н. силни градови (Strong Cities Network), oдносно во рамки на регионалниот центар на оваа организација за Западен Балкан. Токму од Будва, претседателот Проданоски сподели фотографија од самитот каде од негова страна е покриена придавката “Северна”, а веднаш под сликата напиша: Никогаш Северна! Македонија вечна!
Ваквиот потег на Проданоски наиде на голем број на позитивни коментари од страна на граѓаните, а воедно исто така потегот на Проданоски треба да го следат и сите оние политичари кои цврсто стојат до ставот дека ние сме МАКЕДОНИЈА, и никако поинаку!
Колку за потсетување, Проданоски во месец јуни оваа година беше и на работната сесија на Регионалниот хаб на Западен Балкан на тема: ,,Пристапи на единиците на локална самоуправа за зајакнување на улогата на младите во справувањето со екстремизмот, омразата и поларизацијата”. Тука, Претседателот на Совет на Општина Прилеп Дејан Проданоски, зборуваше во делот на ,,Јавни политики на дело: Дизајнирање на локални јавни политики и програмски решенија врз основа на потребите и приоритетите на заедницата.”