|

ВО ОДЛИЧНО СВЕТЛО ВО ПОДГОРИЦА СЕ ПОКАЖАА МЛАДИНЦИТЕ НА ППК “МЛАДОСТ 96” – ПРИЛЕП

Сподели го ова:



















Изминатиот викенд младинската екипа на ППК “Младост 96” учествуваше на Традиционалниот турнир ‘Трофеј на Подгорица’, од каде се враќаат со два бронзени медали. На турнирот, младинската прилепска екипа учествуваше во категориите У12,У15 У19 и сениорска категорија.





Давид Јоноски и Васе Богоеска освоија трети места во своите категории (Јоноски во У12 додека Васе Богоеска во У19). Богоеска беше на дофат и до вториот медал во сениорска конкуренција, каде за влез во полуфиналето загуби од Црногорската натпреварувачка Вујовиќ со 3-2 во сетови, иако во петтиот одлучувачки сет имаше водство од 7-4.

Давид Јоноски извојува три победи во групата и уште две победи во елиминациониот дел, за да во полуфиналето беше поразен од играч од Косово со 3-0.

Лука Огненоски и Трајче Маркоски беа одлични во своите категории но не успеаја да освојат медал. Лука Огненоски во У19, имаше две победи во групата и еден пораз, исто како и Трајче Маркоски во У12 и се пласираа на главната табла, каде подоцна загубија од поквалитетни противници. Сепак сите играчи го дадоа својот максимум.

Од раководството на клубот ни потврдија дека на 11 и 12 Февруари, втора година по ред ќе се одржи Меморијалниот меѓународен турнир Илија Карески-Каре, со планирани околу 120 -150 учесници од повеќе земји од регионот и пошироко.

Новина, во наредната 2023 година ќе биде тоа што на турнирот ќе биде воведена нова категорија – односно категоријата на ветерани.



Сподели го ова:

Слични објави