|

Учесниците од Прилепскиот детски музички фестивал ,,Весели Ѕвончиња by JANA” во посета на Општина Прилеп

Сподели го ова:


Детските музички ѕвезди од Прилепскиот детски музички фестивал ,,Весели Ѕвончиња by JANA” од повеќе градови од нашата земја вчера беа во посета на Општина Прилеп и остварија средба со градоначалникот Борче Јовчески. Градоначалникот Јовчески ги поздрави присутните, на учесниците од фестивалот и нивните родители им ги честита престојните празници, а на детските музички ѕвезди од детскиот музички фестивал ,,Весели Ѕвончиња by JANA” им подари новогодишни колетчиња. Јовчески на средбата истакна дека во иднина секоја година ќе дава целосна поддршка во името на Општина Прилеп на ВЕСЕЛИТЕ ЅВОНЧИЊА и на овој детски музички фестивал, кој што претставува МОДЕРЕН ДЕТСКИ СВЕТСКИ БРЕНД. Имено станува збор за моментално најактуелниот детски музички фестивал во нашата земја, каде што освен деца од Прилеп настапуваат деца и од повеќе градови од нашата земја и тоа: Прилеп, Скопје, Крушево, Радовиш…На 19-ти Септември оваа година во Прилеп за МОДЕРЕН-ДЕТСКИ-СВЕТСКИ-БРЕНД беше прогласен детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”, а на овој фестивалски ден публиката во Прилеп имаше можност да слушне навистина убави, екстра модерни нови детски и тинејџерски песни со вистински модерен звук, кои можат рамо до рамо да се носат со големите светски музички хитови. Ова е само потврда дека освен за најмладите, Детскиот Музички Фестивал “Весели Ѕвончиња by ЈАNA” како моментално најмодерен детски музички фестивал покрај за најмладите, остава простор и за тинејџерите. Како резултат на светскиот квалитет на песните, од неделата Детскиот Музички Фестивал “Весели Ѕвончиња by ЈАNA” се здоби со титула “МОДЕРЕН-ДЕТСКИ-СВЕТСКИ-БРЕНД”, бренд кој што веќе е препознатлив на нашето ѕвездено музичко небо ширум цела наша земја, а и надвор од неа. Доколку имате од 4 до 14 години и сакате и Вие да бидете дел од детскиот или пак дел од тинејџерскиот музички блок од следното најново спектакуларно фестивалско издание кое ќе се одржи кон крајот на мај 2022 година, Вашите родители ќе можат да Ве пријават на Facebоok профилот на Гоце Илиески-Балада, на Facebоok профилот на Весели Ѕвончиња, или пак на 078/66-77-97. Бидете детски музички ѕвезди, бидете АС, бидете главни во Вашето Школо -во Вашиот Клас, и пријавете се за учество за следното фестивалско издание на Весели Ѕвончиња by JANA,и стекнете се со Диплома за МОДЕРЕН-ДЕТСКИ-СВЕТСКИ-БРЕНД!!





Сподели го ова:

Слични објави