ЧЕТВРТА ГОДИНА ПО РЕД: Во преполна сала, Веселите Ѕвончиња денеска ја одржаа својата прва спектакуларна фестивалска претстава

Денеска во Прилеп во 11 часот во Центарот за култура “Марко Цепенков”-детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA” го одржа своето четврто фестивалско издание. Имено, како и секоја година, така и оваа, се бараше билет повеќе за овој фестивал. Првата фестивалска претстава започна денеска во 11 часот во преполната сала во “Марко Цепенков”, при што публиката уживаше во новите детски хитови кои премиерно ги слушна присутната публика. На фестивалот учествуваа деца од повеќе градови од нашата земја. За оние кои не успеаа да стигнат ди билет за првата фестивалска претстава, има останато уште 20-тина слободни билети за втората фестивалска престава која започнува вечерва во 19 часот во Центарот за култура “Марко Цепенков”.Билетите ќе се продаваат половина час пред почетокот на втората фестивалска претстава.Фестивалот благодарение на неговиот музички квалитет, веќе е “рамо до рамо” со најдобрите детски музички фестивали. На фестивалот учествуваат деца од 5 до 14 години.Маскотата на Распеаното Весело ѕвонче Ве кани да се сликате и дружите со него, и да ги слушнете премиерно најновите музички хитови од најновото четврто фестивалско издание “Весели Ѕвончиња-by JANA”-Прилеп 2022. Оваа година, Генерален Покровител на фестивалот е Општина Прилеп. Како и претходните години, така и оваа, фестивалот ќе понуди 16 ново-компонирани детски музички песни кои што ќе ги испеат деца од 4 до 14 години од неколку градови од Македонија, меѓутоа најголемиот број – како и секоја година ни доаѓаат од Прилеп. Четврта година по ред –Ве каниме сите Вас… Бидете главни во Вашето Школо -во Вашиот Клас, и дојдете заедно да се дружиме, сликаме и пееме со распеаното Весело ѕвонче на најновото четврто фестивалско издание на Детскио музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”-Прилеп, 2022