Вселенската патријаршија ја призна МПЦ-ОА
МПЦ како Охридска Архиепископија денеска беше признаена за валидна и канонска во православниот свет. Вака одлучи Светиот Синод на Вселенската патријаршија од Истанбул, која што е предводена од страна на вселенскиот патријарх г. г. Вартоломеј. Во соопштението од Канцеларијата на Светиот синод на Вселенската Патријаршија се истакнува:
„Светиот и Свештен Синод кој заседаваше денес, понеделник 9 мај 2022 година, под претседателство на Неговата Божествена Сесветост, Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј, исцрпно дискутираше за црковниот проблем во Скопје и оценувајќи го во конечна фаза апелациското прибегнување (еклитон) на тамошната Црква до Мајката Црква, како и повторените повици од државата на Северна Македонија, го одлучи следново: Ја прима во евхаристиско општење јерархијата, клирот и народот на оваа Црква под Архиепископот г. Стефан лекувајќи ја раната на расколот и излевајќи „вино и елеј“ врз раната на нашите тамошни, православни браќа. Кон ова се издава и соодветен Патријаршиски и Синодален Акт. Се остава на најсветата Црква на Србија да ги уреди управните прашања што ги има помеѓу неа и Црквата во Северна Македонија, секако во рамките на светоканонскиот чин и црковното предание. Како име на оваа Црква го признава „Охридска“, (имајќи ја на ум како област на нејзината јурисдикција владението во границите на државата Северна Македонија“.