|

ЧЕСТИТКИ: ЏК “Сеишин” е севкупен шампион на Македонија – Државен Првак во Џудо!!!

Сподели го ова:























Изминатиот викенд (11.12.2022 Недела) во спортската сала при СОУ Ристе Ристески Ричко-Прилеп, се одржаа Државно екипно првенство за сениори-ки, и Државно првенство за ветерани-ки.


Првенствата беа во организација на Џудо Федерацијата на Македонија, а во техничка организација на Џудо клубот Сеишин-Прилеп.
На екипното првенство за сениори-ки “мих тимови” учество зедоа вкупно 5 клубови: ( Ипон и Работнички од Скопје, Кожувачка Кавадарци, Дрим Струга и домаќинот Сеишин Прилеп).
Клубот Сеишин од Прилеп оствари 3 победи над Дрим, Работнички и Кожувчанка и 1 пораз против Ипон го освои 2 то место во Екипна конкуренција.
Исто така ветераните од Сеишин, имаа успешен настап при што на клубот му донесоа 6 златни медали:
1. Киро Здравески
2. Маке Спиркоски
3. Мартин Ристески
4. Јове Божиноски
5. Дарко Јошески
6. Сашо Димовски
Со овие првенства заврши циклусот натпревари на Државно ниво.
Согласно освоените бодови во текот на целата натпреварувачка година, ЏК Сеишин е севкупен Шампион на Македонија т.е. Државен првак во Џудо!!!



Сподели го ова:

Слични објави