ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД ПРИЛЕПСКИТЕ ЦРКВИ ПО ПОВОД СЛАВАТА – СВЕТИ НИКОЛА

Сподели го ова:



















Речиси за една недела, доаѓа големиот христијански празник св.Никола, патронот на градот Прилеп и славата на огромен број на прилепчани. По повод претстојниот празник, прилепските православни храмови излегоа со известување до граѓаните во однос на кревање на лепчињата во чест на денот. Имено, нивното известување целосно Ви го пренесуваме во прилог на оваа наша објава: (Текстот за оваа објава продолжува веднаш после рекламното известување за новогодишната театарска претстава за деца, во НУЦК Марко Цепенков во Прилеп).

ИЗВЕСТУВАЊЕ ПО ПОВОД СЛАВАТА – СВЕТИ НИКОЛА

Лепчињата ќе се креваат (прережуваат) во слава и чест на светителот, исклучиво во црквите.

САБОТА НА 17-ти

СВЕТО БЛАГОВЕШТЕНИЕ (СТАРА ЦРКВА) – од 07.00 до 17.00 часот.

НЕДЕЛА НА 18-ти

СВЕТО БЛАГОВЕШТЕНИЕ (СТАРА ЦРКВА) – од 07.00 до 17.00 часот.





СВЕТО ПРЕОБРАЖЕНИЕ (ГРЧКА ЦРКВА) – од 09.00 до 10.00 и од 15.30 до 17.00 часот.

СВЕТИ ПАНТЕЛЕЈМОН (БОЛНИЦА) од 11.00 до 13.00 часот.

СВЕТИ КОНСТАНТИН И ЕЛЕНА (ТИПСКИ) од 11.00 до 13.00 часот.

На 19-ти утрото во СВЕТО БЛАГОВЕШТЕНИЕ (СТАРА ЦРКВА).

САБОТА НА 17ти

СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ( ПАРАКЛИС) И СВЕТА ПЕТКА- од 07.00 до 17.00 часот.

НЕДЕЛА НА 18ти

СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ И СВЕТА ПЕТКА- од 07.00 до 17.00 часот.

Исто така и на 19ти УТРОТО во СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ ( ПАРАКЛИС) И СВЕТА ПЕТКА.

По молитвите на Светиот Николај Чудотворец Господ да ги прими нашите молитви и честита да е и од Бога благословена оваа градска слава воедно и на сите наши прилепчани кои ја слават како своја домашна слава.

Нека Светиот Николај Чудотворец се застапува за нас пред Господа, за да бидат примени нашите молитви и благодаренија. Напомош и за многу години на сите кои ја празнуваат оваа слава – се истакнува во известувањето.



Сподели го ова:

Слични објави