Прилеп е целосно прооден и исчистен од снегот

Сподели го ова:


Каде и да се погледне во Општина Прилеп, може да се констатира дека улиците и патиштата во Прилеп и прилепско се навремено исчистени од страна на надлежните служби за зимско одржување на истите. Прилепските улиците превентивно се посипани со ризла и сол, се со цел во ноќните часови да не се дојде до замрзнување заради ниските температури. Зимските служби одговорни за Општина Прилеп го исчистија снегот на патиштата во прилепскиот регион. На располагање беа ставени повеќе возила за чистење на снег со цел навремено да бидат расчистени сите патишта и влезови во градот за да се спроведе непречено одвивање на сообрајќајот. Локалната самоуправа и надлежните служби се грижат за сите жители на Општина Прилеп за безбедно одвивање на сообрајќајот во зимски услови а воедно STANICA.MK испраќа апел до сите наши сограѓани да бидат внимателни и одговорни во однос на општата безбедност за сите нас.





Сподели го ова:

Слични објави