Реновирано основното училиште во Канатларци со грант од Јапонска амбасада

Сподели го ова:


ООУ „Кирил и Методиј“ во населено место Канатларци е целосно реновирано преку  Јапонската програма за  мали грантови (GGP).  Со проектот се заменети старите и дотраени врати и прозорци со нови, направена е и реконструкција на дренажа како и бојадисана е училишната зграда. Оваа инвестиција чини 57.365 илјади евра.

Амбасадорот  Савада Хиронори посочи дека е задоволен од тоа дека ја подобриле животната средина за учење во ова основно училиште која како објект ќе послужи не само за сегашните туку и за идните генерациии. Исто така посочи дека заедно со градоначалникот Борче Јовчески оствариле позитивна дискусија за тоа дека изградиле одлични врски и пријателство  како и можности за идна соработка во повеќе свери. Градоначалникот Борче Јовчески се заблагодари на амбасадорот на Јапонија во Македонија Н.Е. Г-дин Савада Хиронори за денешната посета посочувајќи дека на денешна средба разговарале за реализација на голем број проекти и продлабочување на соработката со амбасадата на Јапонија. Исто така посочи дека, денеска во ООУ „Кирил и Методиј“ во населено место Канатларци преку проектот за подобрување на училишната средина во основните училишта успешно се реновира ова училиште со замена на врати, прозорци и дренажа околу училиштето. Оваа практика за подобрување на условите во училиштата ќе продолжи и понатаму се со цел да обезбедиме подобри услови за настава и квалитетно образование.





Сподели го ова:

Слични објави