Јовчески за пожарот на депонијата кај Алинци: Ситуацијата е под контрола!
Пожарот кај депонијата кај Алинци е сеуште активен, а компанијата Бехтел и Енка, Дирекцијата за заштита и спасување, Територијалната противпожарна единица Прилеп, ЈКП Комуналец и ЈКП Водовод и Канализација, неуморно работат за стабилизирање на ситуацијата.

Изминатите денови сите сме сведоци на пожарот на депонијата кај Алинци, но можам да Ве уверам дека ситуацијата е под контрола. Лично бев на терен со надлежните служби, каде што со максимални напори и непрекината работа, правиме сè што е потребно за целосно гаснење на пожарот и спречување на натамошни последици. Ангажирани се целата расположлива механизација и човечки ресурси, а огромна благодарност упатувам до компанијата Бехтел и Енка, Дирекцијата за заштита и спасување, Територијалната противпожарна единица Прилеп, a посебно до нашите јавни претпријатија ЈКП Комуналец и ЈКП Водовод и Канализација, кои неуморно работат за стабилизирање на ситуацијата. Благодарение на оваа заедничка акција, досега успеавме значително да го намалиме жариштето, а активностите продолжуваат сè додека целосно не го решиме проблемот. Ова е момент кога сите треба да покажеме одговорност. Апелирам до сите граѓани да не дозволуваме вакви инциденти, кои ја загрозуваат нашата животна средина и здравјето на секој од нас. Заедно можеме да обезбедиме почиста и побезбедна иднина за Прилеп Голема благодарност до сите што се вклучени во оваа акција! Ние продолжуваме со работа сè додека целосно не ја решиме оваа ситуација – порача прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.


















