Прилепскиот градоначалник Проданоски и неговиот тим се поклонија пред хероите – Честит и вековит 3-ти Ноември!

Сподели го ова:






























Денеска Прилеп и прилепчани го празнуваат 3-ти Ноември – Денот на ослободувањето на Прилеп!

“Со гордост и благодарност утрово започнавме со одбележување на еден од најзначајните датуми во историјата на нашиот град, 3 Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп. Во чест на борците од Народноослободителната борба, денес оддадовме почит пред спомениците на нашите херои, кои ја вградија својата жртва во темелите на слободата.

Прилеп гордо го негува споменот на своите херои и ја пренесува пораката на слободата, непокорот и единството на идните генерации. Во рамки на одбележувањето, го посетивме и традиционалниот уметнички и хуманитарен хепенинг, од Ротари клубот од Прилеп, на кој уште еднаш беше покажано дека духот на солидарноста и хуманоста се дел од нашето градско наследство.

Празнувањето продолжува вечерва со свечените активности, откривање на ѕвезда во чест на Коста Смилески на Арт Плоштадот, како и свечената седница на Советот на Општина Прилеп во НУЦК „Марко Цепенков“, на која ќе бидат доделени традиционалните општински награди „3 Ноември“. Да го одбележиме овој ден со гордост, достоинство и љубов кон нашиот град! Честит празник, Прилеп!” – порача прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски.




Сподели го ова:

Слични објави