Ќе ве освои “на прва”! Слушнете го новиот хит „ВО ВИС“ – на прилепчанката Теона Богданоска

Сподели го ова:































Со големо задоволство ви ја претставуваме „Во вис“, првиот официјален сингл на младата и талентирана прилепчанка Теона Богданоска. Музиката и текстот се дело на Теона Богданоска, а аранжманот е дело на маестро Рубин Димкоски. Теона благодарение на нејзиниот голем музички потенцијал, веќе е дел од Balada Music Production.

Иако е млада, Теона не е ново име на сцената. Публиката веќе ја познава по нејзините настапи и неколкуте успешни песни кои го најавија нејзиниот голем потенцијал. Со „Во вис“, таа прави храбар чекор напред, покажувајќи созревање во својот музички израз.

Веруваме во Теона и во нејзиниот пат кон ѕвездите!

🎧 Слушајте ја „Во вис“ и поддржете го македонското творештво.




Сподели го ова:

Слични објави