Убава вест! Македонија e избрана за членка на Советот за човекови права на Обединетите Нации

Сподели го ова:


























Денеска, нашата држава стана нова членка на Советот за човекови права на Обединетите Нации за периодот 2025-2027 година. Поддршката од земјите членки на ОН за овој избор е признание за нашите досегашни придонеси како држава која е посветена на заштитата и промоцијата на човековите права и слободи.

По овој значаен дипломатски успех, нашиот приоритет ќе биде активно учество во работата на Советот, каде што ќе придонесеме за глобалната промоција и подобрување на состојбата со човековите права ширум светот. Ова е во согласност со обврските и заложбите кои ги истакнавме при нашата кандидатура за членство – порача министерот Тимчо Муцински.




Сподели го ова:

Слични објави