Во Прилеп во текот на изминатата вечер (02/03.08.2022) санкционирани биле 18 возачи кои не ги почитувале сообраќајните правила и прописи

Во текот на изминатата вечер (02/03.08.2022) во периодот од 21.00 до 04.00 часот Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе засилена акциска контрола на територијата на град Прилеп за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата санкционирани се 18 возачи, од кои 10 возеле без возачка дозвола, четири под дејство на алкохол… На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
