Донација од 17 креветчиња за ЈОУДГ „Наша Иднина“

Сподели го ова:























Со формирање на Акциски Совет на заедницата, Општина Прилеп како пилот општина од југозападниот регион на Македонија се вклучи во Националната стратегија во борба против насилен екстремизам, која се спроведува во рамките на проектот „Зајакнување на отпорноста кон насилен екстремизам на локалните зaедници во Македонија“, организиран од страна на Центарот за заедничка основа (ЦЗО) со поддршка од Британската Амбасада, кој има за цел да ја поддржи Националната стратегија и акциониот план на националниот координатор во борба против насилен екстремизам и борба против тероризам преку  соработка помеѓу  локалните чинители, граѓански, верски, младински лидери и локалната и централната власт. Како трета фаза од овој проект денеска се одржа работилница во ЈОУДГ „Наша Иднина“ каде беа донирани и 17 детски креветчиња.

“Со формирањето на Акциски совет на заедницата се приклучивме на Националната стратегија во борба против насилен екстремизам и искрено сме задоволни од досегашната соработка со Центарот за заедничка основа“ – истакна Претседателот на Советот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски и ја нагласи важноста од овој проект за Оптшина Прилеп. “Ова е трета активност која ја реализираме во Прилеп во рамите на проектот ‘Зајакнување на отпорноста кон насилен екстремизам на локалните зaедници во Македонија“.

Првата беше спортска активност, помеѓу четири училишта, за меѓуетнички интеграции, бидејќи сметаме дека преку спортот се намалува насилниот екстремизам, организиравме изложба од цртежи од ученици, на таа тема и оваа е трета активнот насловена „Мали иницијативи во заедниците„ насочена кон најмладата популација со цел во раната возраст, како превентива, да делуваме на спречување на насилен екстремизам. Иако, овој термин е сериозен и многу екстремен, сметам дека треба да биде установен во локалната заедница. Затоа го направивме овој Акцикиски тим во заедниците со поддршка од Британската амбасада. Сметам дека како општина и во иднина ќе работиме на оваа проблематика за спречување и превенирање на девијантни појави со цел тие да бидат во помали рамки изразени, а како општина во последната година,мора да истакнеме се соочивме со сериозен екстремизам, со сериозни насилства во заедницата. Сите под овој термин “насилен екстремизам“ подразбираме терористички акти, но со овој термин се опфатени повеќе девијантни појави и на ваков начин,со превенција, сметаме дека во иднина прагот на насилството во локалната заедница ќе биде симнат и Прилеп ќе биде побезбеден град, од претходните години. Активноста насловена „Мали иницијативи на локалните заедници за јакнење на капацитетите во локалната заедница“ во Општина Прилеп беше насочена кон прифаќањето на децата со атипичен развој во градинките и останатите образовни институции. Во неа учествуваа родители, водени од стручно лице-дефектолог, а беше спроведена и креативна работилница со децата во која што им се даде можност на децата да се изразат преку цртање и боење.



Сподели го ова:

Слични објави