ДО КАДЕ ДОЈДОВМЕ? Ограбена е канцеларијата на „Донирај Компјутер“
Рано утрово била ограбена канцеларијата на „Донирај Компјутер“ во Кавадарци, а информацијата во јавноста ја пласира Борче Стаменов, односно човекот кој е одговорен за тоа што голем број на деца во време на пандемијата имаа услови за следење на онлајн наставата.
Се деси и тоа. Сабајле у 3.59 некој ги обил канцелариите на #ДонирајКомпјутер у Кавадарци. Украл 4-5 Леново лап топа, 6-7 Apple Mac book pro и повеќе нови (20-25) ССД дискови од 120гб. Имаме снимки кои треба да ги прегледаме утре во полиција и опис на лоповот. Ако некој ви понуди нешто за продавање од споменатите работи или видите оглас, ве молам да ми пишете. Кавадарчани ве молам да споделите и да помогнете да се најде сторителот. Срамота е да се краде од иницијатива како нашава, срамота – напиша Стаменов на Фејсбук.