Министерот Љутков во посета на Битола

Сподели го ова:





























Денес министерот за култура и туризам Зоран Љутков беше во работна посета на Битола со цел да се запознае со актуелните состојби во културните установи. Директно од директорите на Центарот за култура, Влатко Илиевски, Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Битола, Зоран Николовски и Народниот театар, Васко Мавровски беше информиран за текот на реализацијата на одредени проекти. На средбите присуствуваше и Тони Коњановски – градоначалник на општина Битола.

“Заводот за заштита на спомениците и музеј-Битола активно работи на обновата на нашето културно наследство.

➡️Инвестиции од 1,2 милиони денари за реставрација на предната фасада на објектот;

➡️1,4 милиони денари за уредување на дворот и лапидариумот;

➡️Реновирана е сувенирницата која е од особено значење за туристичката понуда на градот;

➡️Превземање на наследството на Кирил Македонски по повод 100 години од неговото раѓање, 200 000 денари;

➡️Целосно реновирање на музејската поставка со 2 милиони денари.

❗️За археолошки истражувања издвоивме:

➡️1 милион денари за археолошките истражувања на локалитетот Градиште во с. Црнобуки;

➡️Обезбедивме 4,2 милиони денари за конзерваторски и реставраторски работи на ентериерот на Јени џамија (12 милиони денари за три години);

➡️Со 2 милиони и со 2,5 милиони денари се реализираа и проектите за конзервација и реставрација на фасадите на Спомен-куќите на македонските револуционери Гоце Делчев и Стив Наумов.

Ова се конкретни чекори со кои ја враќаме грижата за културното наследство таму каде што и припаѓа, во центарот на институционалното внимание.

‼️Потпишан договор за реализација на капиталниот проект за реконструкција, санација и адаптација на објектот на поранешното кино „Партизан“, вреден 94 милиони денари. Овој објект кој со децении е нефункционален и служи како простор за складирање, до 2027 година треба да прерасне во мултифункционален културен објект.

Министерството за култура и туризам останува посветено на унапредување на културaта. Спремни сме да вложуваме во реални проекти, со конкретни резултати. Времето на празни зборови остана зад нас. Заедно, отвораме ново поглавје за културата во Битола!” – истакна министерот Љутков.




Сподели го ова:

Слични објави