Божја светлина! “Прилепски параклис” се поднови со нови полиелеи
Прилепскиот црковен храм св. Кирил и Методиј, најголемиот христијански празник Велигден ќе го дочека со нова светлина, благодарение на новите полиелеи. Веста ја потврдија од “прилепски Параклис” во нивната објава во која се вели:

Благодарност до оние дарители и помагачи кои со вера донираа, нашиот најсвет празник над празниците Воскресението на нашиот Господ Бог и Спасител Исус Христос да го дочекаме поторжествено во нашиот украсен храм со новите полиелеи – соопштија од “прилепски параклис”.


















