Убавина! Прилепскиот црковен храм св. Петка од денес го краси уште една нова фреска
Во црквата св. Петка во населба Точила, завршена е фреската на св. 40 севастиски маченици – МЛАДЕНЦИ. Станува збор за фреска која е сместена во јужниот дел во оваа црква.
“Со голема радост ве известуваме дека е завршена фреската на Светите 40 севастиски маченици – МЛАДЕНЦИ, сместена во јужниот дел на нашиот храм. Овој светол момент на духовно и уметничко збогатување на светиот храм го должиме на дарежливоста на еден благочестив донатор, кој со својата несебична поддршка ја овозможи реализацијата на ова свето дело. И не само на ова дело! Овој донатор овозможи реализација и на неколку фрески претходно а ќе биде донатор и на композицијата на Преображението Господово.

Изразуваме длабока благодарност и молитвено се молиме Бог да го благослови со здравје, духовен мир и секое добро! Нека фреската на овие храбри сведоци на Христовата љубов биде постојано потсетување за нашата вера, трпение и надеж во Воскресението!” – истакнуваат од прилепскиот црковен храм св. Петка.


















