Божик ќе го донесе и долго очекуваниот снег?
Колку е убав Прилеп-нашиот Прилеп, посебно кога доаѓа зима, и кога прилепските улици ќе бидат покриени со снег. Насекаде мириса на зима, а веќе е време снегот да ги израдува најмладите во градот под Марковите Кули, и да ги создаде оние долгочекувани зимски спомени за време на зимскиот распуст.
Со завршувањето на Божикните празници ќе пристигне и долгоочекуваниот снег? Според метеролозите, во понеделник претпладне времето по одделни котлини ќе биде проследено со појава на магла ии ниска облачност, а преку денот облачноста ќе се зголемува, при што кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе започнат врнежи од дожд, а на планините на запад ќе има врнежи од снег.
Во вторник, времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег, при што веќе од попладнените часови (особено во западните делови) врнежите од дожд на повисоките места ќе преминуваат во снег.