НАШАТА ЖИВА ВЕРА ХРИСТОВА: Во храмот св. Петка во Точила, денеска се причестија околу 270 дечиња

Сподели го ова:
























МЛАДЕНЦИТЕ КАЈ БОГОМЛАДЕНЕЦОТ

Исус рече: „Оставете ги децата и не пречете им да одаѓаат при Мене, зашто на такви е царството небесно“(Матеј 19, 14).

И навистина, на овој торжествен ден кога се раѓа Богомладенецот, децата дојдоа при Него, во домот на Богомладенецот, во голем број, стотици, како никогаш досега. Прекрасна глетка! Небаре возрасни, внимаваа на богослужбата и, повеќето од нив, во хор, ја рецитираа Господовата молитва „Оче наш“ за на крајот на божествената Литургија во Светата Тајна Евхаристија, преку причесната, се соединат со Богомладенецот. Досега најубава божикна литургија!

На крајот на богослужбата се причестија околу 350 верници од кои околу 270 деца! Храмот не памети во олкав број присутни на богослужба, особено причесници, досега. Беа поделени и повеќе од 400 Библии за млади читатели! – стои во известувањето на прилепскиот црковен храм св. Петка.




Сподели го ова:

Слични објави