Вчера се наврши една година од трагичната сообраќајка на тројцата прилепчани кои загинаа на патот Прилеп – Битола
Вчера помина точно една цела година од трагичната сообраќајка на тројцата прилепчани, кои загинаа на патот Прилеп – Битола.
Станува збор за медицинските лица: примариус д-р Александар Ристески, врвен македонски радиолог, спец. гинеколог д-р Никола Василески и радиолошкиот технолог Фанче Јованоска, кои го загубија животот во сообраќајна несреќа на патот Прилеп – Битола, доаѓајќи на своите работни места во Битола.
Од болницата Плодност, вчера повторно се присетија на своите колеги, при што на социјалните мрежи објавија емотивна објава во која се вели:
На денешен ден, пред една година, ја доживеавме најтешката загуба во нашето семејство –прим. д-р Александар Ристески, спец. гинеколог д-р Никола Василески и радиолошкиот технолoг Фанче Јованоска.Нивното отсуство и понатаму боли, но нивната добрина, нивното знаење и нивната љубов кон пациентите живеат со нас секој ден.Тие не се само дел од историјата на „Плодност“, туку засекогаш дел од нашите срца.Со неизмерна благодарност и тивка молитва, Мир во Царството Небесно – истакнаа од Болницата Плодност.


















