Во Битола се одбележа 21 мај – Светскиот ден на културната различност

Сподели го ова:





























Денес битолскиот градоначалник заедно со претседателот на Советот Бојан Бојкоски, присуствуваа на одбележувањето на Светскиот ден на културната различност. Овој ден ја нагласува клучната улога на меѓукултурниот дијалог за постигнување мир и одржлив развој и е посветен на вреднување на културните разлики меѓу луѓето и земјите ширум светот.

“Општина Битола доследно по втор пат го одбележа овој ден, со цел да се зголеми разбирањето за тоа колку е вредна културната различност.

Тоа е исто така средство за промовирање на четирите цели на Конвенцијата на УНЕСКО за заштита и промоција на различноста на културните изрази усвоена на 20 октомври 2005 година:

– Поддршка и промоција на одржливи системи на владеење за културата;

– Да се постигне избалансиран проток на културни добра и услуги и да се зголеми мобилноста на уметниците и културните професионалци;

– Интегрирање на културата во рамки за одржлив развој и

– Промовирање на човековите права и фундаментални слободи”- истакна Коњановски.




Сподели го ова:

Слични објави