Бог да им дарува царство небесно! Света Божествена литургија, за покој на трите медицински лица
Денеска во црквата св. Благовештение во Прилеп се одржа Света Божествена литургија, за покој на на трите медицински лица кои пред некој ден ги загубија своите животи во тешката сообраќајна несреќа која се случи во близина на селото Лагово.
Света Божествена литургија, за покој на новопретставените чеда во Господа. Нека Господ им дарува Царство Небесно на Александар, Никола и Фанче. Бог да ги прости – се вели во објавата на црквата.
Колку за потсетување, вчера во 12 часот напладне, во Болницата Плодност се одржа комеморативен настан за трагично загинатите наши медицински лица, примариус д-р Александар Ристески, врвен македонски радиолог, спец. гинеколог д-р Никола Василески и радиолошкиот технолог Фанче Јованоска, а комеморацијата започна со едноминутно молчење во чест на загинатите колеги.