ГО ПОВРЕДИЛ – ПА ИЗБЕГАЛ: Прилепчанец со своето возило повредил полицаец, пa го напуштил местото
На 06.04.2024 во 00.30 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека околу 00.20 часот на бул.„Гоце Делчев“ во Прилеп, З.З. од Прилеп не извршил наредба дадена од полициски службеници и со врата од своето возило „фолксваген голф“ нанел повреди на полициски службеник кој извршувал службени дејствија, по што го напуштил местото.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информира МВР.