Викендов, Прилеп ќе биде центар на меѓународните џудо натпреварувања! Учесници од Бугарија, Грција, Грузија, Србија, Србија, Црна Гора, Косово, Шкотска и Македонија ќе бидат дел од “Прилеп град херој -2024”
Денеска во Прилеп (05.10.2024) во организација на ЏК Сеишин-Прилеп, со поддршка на ЏфСМ, ќе се одржи 14-ти Меѓународен традиционален турнир во џудо “Прилеп град херој -2024”. Турнирот е за возрасните категории
Деца ( У11),
Помлади ПИОНЕРИ-КИ ( У13)
ПИОНЕРИ-КИ ( У15)
На турнирот ќе настапат учесници од повеќе земји како што се Бугарија, Грција, Грузија, Србија, Србија, Црна Гора, Косово, Шкотска и Македонија. Карактеристично за турнирот оваа година е тоа што за прв пат ќе настапат клубови од Грузија, Кипар и Шкотска. Овој Меѓународен традиционален турнир се одржува по повод празникот 11 Октомври.
Клубот и оваа година ја задржува традицијата за покана и присуство на турнирот на гости и великани во џудо спортот, претежно од поранешните југословенски простори кои во изминатиот период постигнале големи резултати во џудо спортот. Оваа година ќе има 3 големи џудо имиња од Р. Србија.