Благодарение на министерот Љутков, овој четврток во Крушево концерт со песните на Тоше
Oвој четврток (09.10.2025) во 19 часот пред споменикот Македониум во Крушево, ќе се одржи целовечерен концерт со песните на нашиот непрежален ангел Тодор Проески.
Голема благодарност до Министерот Зоран Љутков и МКТ-Скопје, Камерниот Оркестар од Битола, сите изведувачи кои ќе настапат таа вечер и сите други кои несебично помогнаа и помагаат за овој концерт да се одржи без разлика на минималните финансии. Ве повикуваме на 09.10.2025 во 19.00ч, повторно Тоше да биде оној кој не обединува со неговите песни – порачаа од Спомен куќата “Тодор Проески” во Крушево.


















