БК “7-ми Мај” од Прилеп од натпреварот во Белград се врати со три златни медали
Викендот кој измина, на меѓународниот турнир “Победник” кој се одржа во Белград , во отворена борба ги измерија силите вкупно девет клубови од Македонија, покрај другите останати 20 клубови кои беа од други држави (Србија, Босна, Хрватска, Чешка, Словачка, Црна Гора, Унгарија , Грција, ).

БК “7-ми Мај” од Прилеп, по 12-ти пат зеде учество на овај турнир, при што од овој турнир прилепскиот боречки клуб, покрај останатите медали во Прилеп се врати и со злато. Имено златни медали освоија: Христијан Аризанкоски , Марија Вељаноска и Ангела Трајкоска, со сребрен медал се закитија Тамара Цветкоска и Благојче Ѓеорѓиоски, додека пак бронзени медали освоија Стефан Аризанкоски Елена Дејкоска.


















